Да и се угоди на една жена не значи да се покорите пред нејзините хирови. За почеток, еве список на едноставни работи кои може да придонесат вашата сакана да ве гледа како „џек пот“ во Лас Вегас. Значи – што сакаат жените?
Човек кој знае да се додворува
Се сеќавате на „медот“ кога се обидувавте да ја импресионирате својата сакана на секој можен начин? Да, често ова мажите го забораваат кога ќе загазат во сериозна врска и се почувствуваат комфортно. Но, ако кај мажите првото возбудливо чувство знае да „исчезне“, за жените ова не важи – тие секогаш сакаат да бидат третирани со љубов и внимание.
Најдете начин да и` го разубавите денот, како и секогаш да се потсетите на датумите кои се важни за неа. Кога ќе пронајдете начин да и` измамите насмевка и вие неизбежно ќе се „насмеете“ и тоа прилично долго.
Другите нека и` завидуваат
Ако можете да направите вашата сакана да се чувствува подобро отколку другите жени околу неа, таа ќе ви биде благодарна и секој ден ќе ве сака сè повеќе. Секој од нас ги базира своите односи врз основа на она што го гледа околу себе. Ако другите лажат, ќе претпоставиме дека тоа е нормално. Ако другите ги третираат своите сакани подобро отколку што таа смета дека ја третирате, ќе треба да се потрудите повеќе.
Но, наместо да чекате некој друг да ја добие титулата „најдобро момче“, преземете го лидерското место. Изненадете ја со цвеќе на работното место, или со специјална вечера која ќе ја приготвите, или со краток романтичен викенд… или со било што кое од нејзина страна ќе биде препознаено како креативно и посебно смислено за нејзино уживање. Ако се почувствува како да е со најдобриот маж во светот, ќе сака да биде со вас постојано.
Човек кој ја цени
Можеби постојано барате начини за да ја задоволите, но ако таа не ги препознава вашите гестови, нели ќе се чувствувате изневерени и изнервирани? И жените мислат слично. Затоа, секогаш покажете благодарност на било кој начин кога таа ќе направи нешто за вас – и запомнете едно: колку и да се важни „големите работи“ во љубовта, и на „малите“ мора да се смета сериозно.
Човек на кој ќе биде горда
Горделивоста не е баш најблагородната особина, но си има свои предности. Жените сакаат успешни мажи. Дали сте горди на она што го правите секој ден? Ако сте задоволни од вашиот живот, вашата сакана ќе биде среќна поради вас. Ако сте горди на вашите постигнувања, и таа ќе биде.
Човек кој ја прави среќна
Жените сакаат мажи кои изгледаат добро и се облекуваат добро. Бидете маж кој неговата сакана со задоволство ќе го запознава со нејзините блиски, а особено со другите мажи кои се обидуваат да и` се приближат. Кога и нејзините пријателки ќе и` подзавидат или ќе искоментираат колку сте шармантни, таа нема да може да направи ништо друго освен да поцрвени и да сфати колку е среќна што е со вас.