Директорот на Инфективната лабораторија за истражување на болести во Берлин, Андреј Трампуч, нагласи дека има многу помалку несакани ефекти од третата доза во споредба со времето кога граѓаните ја примале првата или втората доза на вакцината против ковид-19.
– Морам да напоменам дека во Германија, сѐ уште не сме целосно вакцинирани со дури две дози, имаме 65% од вакцинираните, тоа не е доволно, мораме сега да започнеме со децата и адолесцентите – рече Трампуч.
Тој, исто така, тврди дека оние кои се заразиле со вирусот немаат толку добра заштита и дека е неопходно и тие да бидат вакцинирани. Директорот додава дека заштитата на вакцината е најмалку 6 месеци по втората доза, па затоа е потребно тој временски период да помине за да може да се примени третата доза.
– Би било добро доколку има доволно вакцини за да се прими третата доза, бидејќи на тој начин се подготвува имунитетот за зимскиот период – рече тој.
Планот вели дека 85% од населението ќе биде вакцинирано, а според неговотоо тврдење тоа огромно мнозинство ќе помогне да се спречи ширењето на вирусот, но сѐ додека луѓето не се вакцинирани, пандемијата ќе продолжи.
– Додека трае пандемијата, можеби ќе биде потребна четврта, петта и шеста доза, но нашиот план е да ја вакцинираме целата популација, најмалку 85 проценти, за да исчезне вирусот – рече тој.
Трампуч, исто така, нагласува дека 20% од вакцинираните можат да го пренесат вирусот, но дека тие не се опасност, туку оние кои не се вакцинирани. Тој потврди дека единствените смртни случаи од коронавирус во Германија се само невакцинирани граѓани.
Мешање на вакцини за подобар имунитет?
– Секоја вакцина е подобра отколку да нема вакцина, сега знаеме дека кога се мешаат вакцините, имунитетот е подобар, но нема голема разлика дури и кога тоа не е направено. За помладите луѓе, би препорачал повеќе „Фајзер“, но вие дефинитивно сите вакцини заштитуваат – нагласи тој.
Тој додава дека по кинеската вакцина, може да примите било каква вакцина, доколку нема реакции.
– Руската вакцина е иста како мешавината на „АстраЗенека“ во првата доза и кинеската вакцина во втората доза, само „Фајзер“ и „Модерна“ се нови вакцини, но и тие можете да ги измешате – посочи Трампуч.
Нови мутации? Тие ќе се шират брзо!
– Засега не знаеме која ќе биде следната мутација, но сигурно ќе биде онаа која се шири побрзо, затоа мораме побрзо да се вакцинираме, токму поради таа причина. Ако сме вакцинирани, можеме да се заразиме, но да не умреме, затоа се вакцинираме – рече тој.
Трампуч заклучи дека е морална обврска да се заштитат и вакцинираните и невакцинираните, но што се однесува до вакцинацијата на децата, тоа ќе биде одлука на родителите.
На прашањето дали ќе се сменат вакцините, тој одговори: „Ако е потребно, тогаш да, но не знаеме каква ќе биде четвртата и петтата доза, можеби ќе ја измениме за да биде поефикасна“.