Овен
Овој хороскопски знак го движи страста, па затоа Овенот без проблем би го оставил партнерот поради некоја друга личност.
Бик
Бикот нема проблем со верноста, односно е многу верен партнер. Дури и ако би изневерил, тоа би било исклучиво физичко неверство, поради недостаток на интимност.
Близнаци
Близнаците сакаат да флертуваат, но мала е веројатноста дека ќе направат нешто повеќе од тоа. Но ако изневерат, тоа значи дека за нив врската е завршена.
Рак
Додека во домот на Ракот има љубов и нежност, нема да помисли на неверство.
Лав
Лавовите спаѓаат во групата знаци кои често изневеруваат, токму затоа имаат честа потреба да бидат во центарот на вниманието. Лавовите треба да ги држите заинтересирани (да играте топло-ладно) и постојано да им давате комплименти. Исто така, интересно е тоа што кога изневеруваат, тоа го прават со личности помлади од нив, бидејќи ги привлекува нивната енергија.
Девица
Девицата како и Ракот, додека е среќна дома не помислува на неверство. Сепак, кога ќе почувствуваат дека партнерот не им обрнува доволно внимание, неверството им е нешто сосема нормално, бидејќи им помага што побезболно да излезат од врската.
Вага
Вагите воглавно се верни, но сакаат ново друштво и флерт. Битно е Вагата во својот партнер да гледа и свој пријател на кој може да се потпре, бидејќи така ќе биде во најмало искушение за да би изневерила.
Шкорпија
Најсексапилниот хороскопски знак мирува само кога е заљубен. Но, ако сексот му стане досаден, без проблеми ќе се впушти во врска за една ноќ, за која нема да му признае на партнерот. Избегнување на рутината во спалната соба, е добитна комбинација за да задржите Шкорпија.
Стрелец
Стрелците се склони кон неверство, бидејќи сакаат авантури, па дури и во долгите врски. Неверството не го доживуваат како нешто драматично, а исто така простуваат многу полесно отколку останатите знаци.
Јарец
Јарците спаѓаат во групата најверни знаци. И кога ги интересира некој друг, ако се во врска, нема да се случи ништо повеќе од само флерт. Неверството го сметаат за емоционално предавство.
Водолија
Водолијата има своја дефиниција за неверство, која е потолерантна од другите. Кога изневеруваат бираат личност потполно различна од нивниот партнер. Сами себе ќе си објаснат дека тоа е неизбежно, бидејќи им е здодевно со партнерот. Водолијата нема да изневерува само кога искрено сака и кога знае дека партнерот нема да ѝ прости.
Риби
Кога ќе им стане здодевно во врската, Рибите сакаат да мечтаат за некој кој го познаваат. Иако знаат да запрат кога е потребно, прашање е дали ќе вљубат и во таа личност.