Носењето заштитна маска беше една од првите препораки кои се воведоа кога настана кризната пандемиска состојба.
Денеска, имаме околу 400 активни случаи, а 7 градови се веќе „ослободени“ од коронавирусот. Се укина мерката за носење маска на отворено, а сегашната ситуација ветува дека нештата се под контрола – иако знаеме дека овој вирус може да биде доста непредвидлив.
Значаен дел граѓани веќе имаат примено барем една доза од ковид-вакцините кои се на располагање во Македонија.
Сепак, се препорачува оние кои не примиле ниедна доза се уште, да продолжат да ја носат маската дури и кога се разминуваат со поголема група на луѓе. Истото важи и за граѓани кои имаат акутни сезонски или пак хронични респираторни заболувања, дури и алергии, бидејќи падот на имунитетот создава одлична средина за оджување на вирусот жив и пренослив.
Иако моменталната епидемиолошка состојба во Македонија е значајно подобра од пред неколку недели, тоа не значи дека сè е готово и дека можеме целосно да се релаксираме од досегашните мерки.