Џулијана Нала, поранешната девојка на Канје Вест, се појавила на плажа во Флорида облечена во зелено бикини кое го прикажало нејзиното тело во најдобро можно светло.
Бразилската манекенка Нала ја зголемила температурата додека се опуштала на плажата Мајами бич на Флорида. Нејзиното затегнато тело дошло до израз, па нè интересира како изгледа планот на вежбање на оваа прекрасна жена?
Таа како и сите манекенки води строго контролиран живот. Се труди да се храни што поздраво, додека голем акцент става на планот на вежбање.
Таа има 25 години и колку што е познато во јавноста нема момче. Нејзината краткотрајна романса со раперот Канје Вест ја пласираше на врвот на популарноста, но таа од тогаш не била забележана со други мажи.
А, во Америка дошла кога имала само 19 години со желба да изгради светска кариера и тоа секако дека успеала да го направи.