Резултатите добиени од истражувачи од Медицинскиот универзитет Стони Брук во Њујорк, сугерираат дека луѓето што умираат ќе бидат свесни за сè што се случува околу нив уште некое време.
Често се случува луѓето кои преживеале срцев удар да тврдат дека биле свесни за сè што се случувало околу нив додека биле клинички мртви, па дури и се сеќаваат на моментот кога лекарите го објавиле времето на нивната смрт.
Ако лекарите го прогласат времето на смртта, тоа значи дека срцето на некого запрело, но луѓето што го преживеале ова, ги опишале своите искуства прецизно како да можеле да видат сè.
Еден од истражувачите, Сем Парнија, објасни за Live Science како луѓето, во моментот на клиничка смрт, ја добиваат потребната помош од лекар благодарение на што околу 50% кислород стигнува до нивниот мозок, што одржува некои од неговите функции.
Тој додава дека луѓето кои преживеале клиничка смрт подоцна имаат поголема желба да им помагаат на другите. Колку подолго на умирачкото лице му се прави вештачко дишење и масажа на срцето, толку подолго ќе се одржуваат неопходните функции на мозокот, пренесува Daily Mail.