Екс водителката Мелита Ракичевиќ и манекенката Александра Накова повторно се другарки. Пред два дена преку медиумите беше објавено дека тие повеќе не ставаат заедничка фотографија на социјалните мрежи и дека се скарале. Наводно во една пригода Накова и рекла на Мелита дека е стара, по што поранешната водителка и се налутила и му ставила крај на нивното пријателство.
Но само по два дена тие ги демантираа овие информации. Имено, Мелита и Накова споделија заедничка фотографија, а под неа Александра напиша дека и недостига нејзината пријателка.
Инаку, Александра и Мелита почнале интензивно да се дружат по разводот на Накова со кошаркарот Никола Гајдајџиев. Често одеа заедно на луксузни патувања, имаа редовно секси фотосесии, двете ставија во исто време силикони и тоа кај ист хирург, имаа исти надргадби на косите, па дури имаат и слични силиконски усни.