Јелена Карлеуша многу тешко ја примила веста за смртта на мајак и Дивна. Таа вчера се вратила од настап што го имала во Австрија, а на аеродромот во Белград ја чекале нејзините соработници. Кога Јелена влегла во возилото за да го напушти аеродромот, дури тога и ја соопштиле трагичнат вест, дека мајка и починала.
“ Кога разбра за смртта на Дивна, Јелене не знаше што ја снајде. Во моментот и се слоши, целата пребледе, и еден момент од шокот не можеше ниту да зборува. Кога малку се поврати таа почна да плаче“ откри извор за новости.рс.
Инаку, познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша почина на 61 година. Карлеуша во 2016 година беше хоспитализирана поради проблеми со дишењето и се до нејзината смрт имаше сериозни здравствени проблеми за кои ниту таа, ниту нејзината славна ќерка не сакаа да зборуваат во јавноста.