Безвременската убавина на Моника Белучи е документирана на уште една насловна страна, овојпат за италијанскиот магазин „Style Magazine”.
Во фотосесијата црно-бели фотографии што ги направи фотографот Лоран Хамберт, Белучи самоуверено позира стилизирана во парчиња од Долче и Габана чија муза е долги години.
Пред еден месец, италијанската актерка наполни 58 години. Важи за една од ретките во шоу-бизнисот која им одолева на претераните естетски корекции и низ годините приордната убавина е нејзин силен адут.
Фото: Style Magazin