Најбогатата жена во музичката индустрија Ријана се појави во новата жешка фотосесија. Tаа повторно ги „почести“ фановите со секси фотки во разголено издание.
Новата колекција на SAVAGE X FENTY ја промовираше самата облечена во секси, жолта долна облека.
Инаку, Форбс го процени богатството на Ријана на 600 милиони долари, што ја прави најбогата жена во светската музичка индустрија. Ријана најголемиот дел од своето богатство го заработи не преку музика, туку преку партнерство со меѓународната групација LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton.
Ријана исто така поседува линија на долна облека Savage X Fenty заедно со американската компанија Tech Style Fashion Group. Покрај тоа, таа заработува милиони долари на настапи и објави албуми.