Зоран Милески – Кичеец за сообраќајната несреќа што се случи на 4 септември годинава во близината на Стража, а во која животот го загуби едно лице поминал со казна затвот од шест месеци. Казната за Кичеец кој беше посочен како виновник за несреќата ја потврдуваат од обвинителството, со кое обвинетиот постигнал спогодба, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.
Во несреќата, животот го загуби сопатник во автомобилот „Санг јонг“, четири лица се здобија со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот Кичеец, се здобија со полесни телесни повреди.