Холивудската легенда Кирк Даглас, кон крајот на 1940-те години ги посетил децата бегалци во Егејска Македонија и им однел кутии со училишни предмети, пишуваат од „Обединета македонска дијаспора“.
Имено, глумецот бил сликан околу 1947 година каде поклонува училишен прибор на дечиња во Егејска Македонија.
Тие објавија слика на „Твитер“ и открија дека посетата на починатиот глумец била во рамките на Американскиот план за помош на бегалците.
– Бог да го прости Кирк Даглас!, стои во нивниот пост на Твитер.
Инаку, Кирк Даглас почина вчера на 103 години, а веста за неговата смрт ја објави неговиот син, актерот Мајкл Даглас.