Според капитенот Кире Лазаров, една од причините за поразот од Русија се промашените “зицери“:
“Ни се повторуваат некои работи од меч во меч. Секогаш противничкиот голман е најдобар против нас. Не реализиравме, имавме расположени играчи и игра, но Русија е квалитетна репрезентација која на овој шампионат има пораз од Бразил, а од Франција загуби во последните секунди. Но, загрижувачки е тоа што не успеавме да погодиме, ќе ни треба посебен тренер за шутеви, за да не промашуваме зицери.Се надевам дека во иднина ќе бидеме попаметни, бидејки човек учи додека е жив. Ќе дадеме се од себе на последниот меч, ќе се обидеме да победиме“ истакна Лазаров.