Кина даде зелено светло за третман за лекување на Ковид-19, соопшти Кинеската агенција за лекови.
За разлика од превентивната вакцина, третманот е наменет за лекување на инфицирани со цел да се избегнат компликации.
Кинеската агенција за лекови објави дека дава „итно одобрение“ за кинески третман против Ковид-19.
Лекот се заснова на моноклонални антитела кои се врзуваат за шилестиот протеин на коронарниот вирус, намалувајќи ја неговата способност да навлезе во клетките.
Клиничките испитувања покажуваат дека лекот го намалува ризикот од хоспитализација и смрт на пациенти кои може да развијат потешка форма на ковид-19.
Во Кина, која дозволува употреба само на домашни вакцини, вакцинирани се повеќе од 70 отсто од населението. Во земјата денеска се пријавени 83 нови случаи на зараза.