КИЛОМЕТАРСКА КОЛОНА ПРЕД ШТАНДОТ: Девојче од Нови Сад продава крофни за да собере пари за лекување на татко си (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Нина Нинковиќ (11) од Нови Сад стана вистинска мала хериона, откако медиумите ја објавија приказната за девојчето што продава крофни за 100 динари (50 денари), а парите ги собира за лекување на нејзиниот татко во Москва.

Сега, за крофните што ги продава Нина се создаде километарска колона во центарот на градот, а таа во едно попладне успеа да продаде преку 500 крофни.

Видеото од луѓето кои стрпливо чекаат на ред за да купат крофни од Нина стана вирално, а јавноста во регионот ја поздрави хуманоста на новосаѓани со порака дека младите како Нина се светол пример за општеството.

„Колку сум горда на луѓето во овој град“, „Ова е солидарност“, „Па знаете ли колку крофни требаат овде?“, се само дел од коментарите на видеото.

t

Крофните ги правеа мајка ѝ и баба ѝ на Нина, а сега им помагаат и сосетките, бидејќи не можат да постигнат сами поради огромната побарувачка.

Нина го привлече вниманието на јавноста откако неколку локални медиуми ја објавија приказната за 11-годишното девојче што пред својата куќа продава домашни крофни за да собере пари за својот татко, кој треба да оди на лекување во Москва.

Иако прима терапија во Србија, Зоран треба да оди на операција во Русија, но семејството нема доволно средства. Поради ова, се отворени и неколку линии за донации, а Нина и нејзините родители се надеваат дека ќе успеат да ги соберат средствата.

https://twitter.com/i/status/1673741830301663263

останати вести