По погребот на принцот Филип, кралското семејство се свртува кон нивните секојдневни обврски.
Па сега, децата на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ се враќаат на училиште по паузата за Велигден.
Така, Кејт Мидлтон со своите две деца – принцот Џорџ (7) и принцезата Шарлот (5) – отишле на шопинг, а еден твитерџија открил како тоа изгледа.
“Отсекогаш сум бил фан на Кејт Мидлтон. Денес таа беше во една од моите продавници на Кингс Роуд со Џорџ и Шарлот, и поради она што мојот тим ми го раскажа за тоа како се однесувала кон нив и како децата се однесуваат едни кон други, сега ја сакам уште повеќе“ напишала извес а Алекса.
Нејзиниот твит привлекол големо внимание, па коментарите не престануваат да се нижат, а нормално, сите нè интересира каква е Кејт кога не е опкружена со медиумски претставници.
„Не бев таму, но таа зборувала со мојот тим. Децата имале буџет и морале да се придржуваат до него, сами си ги плаќале своите работи, со свои пари. Тие се обични и добро воспитани деца, а таа е нормален родител што ги воспитува на вистински начин, тоа е прекрасно“, напишала Алекса.
Ова не е првпат војвотката од Кембриџ како сиот нормален свет да оди на шопинг, па така и минатата година ја виделе како разгледува фустани со ќерка ѝ, а во една пригода била фотографирана како сама излегува од една детска книжарница.