Почина Мохамед Ал Фајед, поранешниот сопственик на Херодс, чиј син Доди загина со принцезата Дијана во сообраќајна несреќа, јавува Би-Би-Си.
Тој е роден во Египет и изградил империја на Блискиот Исток пред да се пресели во Обединетото Кралство во 1970-тите, пренесува Би-Би-Си.
Откако неговиот најстар син Доди беше убиен, Мохамед Ал Фаед помина години испитувајќи ги околностите на нивната смрт.
Тој остана надвор од јавниот живот во последната деценија, а живееше во Сари со сопругата Хајни.