Во новото видео објавено пред почетокот на тенискиот турнир Вимблдон, Кејт Мидлтон и Роџер Федерер заедно играа тенис, пишува „Пипл“(People).
Осумкратниот шампион на Вимблдон, Роџер Федерер заедно со принцезата од Велс, вусшност играа тенис за да ја одбележат исклучително важната улога на момчињата и девојчињата кои собираат топчиња на турнирот Вимблдон. Ангажирани се околу 250 тинејџери кои тренираат за оваа одговорна работа уште од февруари, а нивната просечна возраст е 15 години.
Во видеото и двајцата се облечени во бело, за да се запази традицијата на Вимблдон, а Кејт, која е патрон на турнирот, му се приклучи на Федерер во натпреварот во двојки, каде покажа дека добро се снаоѓа и во овој спорт.