Медиумите во Велика Британија пренесуваат дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам сакаат да имат две девојчиња и две момчиња, а извори блиски на кралското семејство тврдат дека четвртото дете е на пат.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, пријатели на Кејт тврдат дека е трудна по четври пат.
Војвотката и принцот го дочекаа своето трето дете, принцот Луис, а изворите тврдат дека на пат е и четвртото дете.
-Тие сакаат да имаат две момчиња и две девојчиња. На Кејт и е важно нејзините деца да имаат меѓусебна силна врска како што ја има таа со нејзиниот брат и сестрата Пипа, а тоа ќе се случи ако меѓу децата е мала разликата во годините, изјави изор близок на војвотката.
Пријатели на Кејт тврдат дека е бремена со четврто дете. Ги покажува сите знаци за бремност, а таа и Вилијам зборуваат како сакаат четврто дете.
-Повторно носи широка облека, избегнува алкохол и јаде “кари“ за кое има желба кога е бремена. Почна да јаде и кекс од лаванда кој и помага при утринските тешкотии, вели пријател на Кејт и открива дека не се појавила на роденденот на принцот Чарлс поради тоа што се чувстувала лошо.