Една од корисничките на социјалната мрежа “Редит“ се пожалила дека среде ноќ мажот и во солзи ја разбудил да и каже што му смета кај неа, а таа веднаш побарала развод ,
“ Во брак сме шест месеци, во врска пет години. Околу Божиќ приметив дека се дистанцира од мене. Една ноќ ме разбуди и ми рече дали сум размислувала да отидеме на третман со Ботокс – раскажа жената и додаде:
“ Наводно му сметала мојата насмевка. Се згрозувал кога ќе видел како сум се смеела. Му реков дека треба да се разведеме. Знам дека ме сака, и јас го сакам него, но не сум толку грда мажот ми да плаче и да се згрозува од мојата насмевка. Се чувствувам добро во својата кожа и мислам дека насмевката е еден од моите најголеми адути, но таа мојот маж го прави несреќен“.