Кејти Пери (39) е сопственичка на светскиот хит „Firework“, а за овој настан избрала да носи необична модна комбинација.
Станува збор за црвен корсет и долго здолниште кое се шири од колената.
Меѓутоа, кога Кејти се свртела пред фоторепортерите покажала дека корсетот и здолништето се врзуваат. Покрај тоа што на присутните им ја покажала црната танга, присутна била и „тетоважата“ со пеперутка.
Тетоважата која потсетува на жиг ги збунила луѓето на социјалните мрежи затоа што не биле сигурни што има во долниот дел од грбот пејачката.
Како што се докажало станува збор за „протетичка тетоважа“ со која, како што се шпекулира, Кејти го најавила новиот албум којшто ќе го носи насловот „Пеперутка“.
За жал, лошиот моден избор и обидот за најава на новиот албум не наишле на добри реакции затоа што ова издание на Кејти Пери е прогласено за нејзино најлошо досега.