Манекенката Кајли Џенер уште еднаш успеа да изненади со својот стајлинг.
Папараците ја снимија кога излегуваше од една фотосесија во Лос Анџелес. Таа носеше модна комбинација од син плетен џемпер и црни, проѕирни хулахопки со гаќички во функција на панталони.
Оваа несекојдневна комбинација веќе беше видена на ревијата на Ботега Венета на Модната недела во Милано, а Кендал го рекреираше тој стајлинг до последен детаљ. Таа ја носеше и популарната чанта Сардина на Ботега со златна рачка.
Таа носеше букет сончоглед во рацете и им се насмевна на папараците кои ја следеа. Познатата стилистка Дани Мишел го сподели ова издание на својот инстаграм-профил, а стајлингот на Кендал предизвика лавина од коментари.
„Кога брзаш па ги заборавиш панталоните“, „Кога вака би ја напуштила куќата, веројатно би ме уапсиле“, „Каде ѝ се панталоните?“, „Убава е, но ова е големо не “, „Што е ова по ѓаволите?“, „Дали навистина сега шетаме по улица без панталони?“, „Не сум љубител на овој стајлинг“, се дел од критиките, но имаше и такви кои напишаа дека Кендал изгледа одлично.