Пред 47 години на Тјентиште, на снимањето на филмот “Сутјеска“ најдобриот келнер на бивша Југославија, Павле Милановиќ имал задача да ги служи актерскиот брачен пар Ричард Бартон и Елизабет Тејлор. Иако не учествувала во снимањето, Елизабет Тејлор го придружувала нејзиниот тогашен сопруг Ричард Бартон кој во филмот го играше Тито.
Пристап до вилата каде престојуваа со своите единаесет посвоени деца имал само Павле и собарката Маргета.
-Само јас и собарката Маргета имавме пристап во вилата. Од титовата гарда и од полицијата не можеше “пиле да прелета“ – вели Павле кој поминал 14 прекрасни денови со Елизабет Тејлор.
-Поубава жена и поубави очи во животот немам видено. На одење таа ме прегрна, ме бакна и ми стави плик во сакото. Кога ќе видам што има во него, полно со долари – се присетува Павле кој се ближи до деветата деценија од животот а зад себе има два мозочни удари.
Од добиениот бакшиш тој ја започнал изградбата на викендицата која поради војната сеуште не ја завршил.
-Тоа беа среќни времиња. Се живееше подобро, поубаво и послободно. Никој никого не го прашуваше кој е и од каде е. Дај боже некогаш повторно да биде така – посакува најдобриот келнер на екс Југославија, Павле Милановиќ.