Од денеска во Србија повторно почнаа да работат рестораните и кафулињата. На отворен простор, на терасите мора да се држи социјална дистанца и да се користат заштитни средства, а истото се однесува и за затворениот простор, со почитување на сите мерки кои и до сега важеа за затворен простор.
Масите во кафулињата и рестораните и во затворено и на отворено мораат да бидат поставени на двa метрa растојание, како не би се прекршила мерката на социјална заштита. Во спротивно, ќе мора да бидат поставени паравани од плексиглас.
Вработените мораат да носат заштитни маски и ракавици, додека гостите не се обврзани за да можат непречено да конзумираат храна и пијалоци.
Но, гостите се обврзани да носат маски и ракавици при плаќањето, односно, кога се во контакт со келнерите.
Фот: Курир.рс – М. Јевтиќ