Легендарниот режисер Квентин Тарантино во саботата стана татко. Тој и неговата сопруга, израелската манекенка и пејачка, која е 21 година помлада од него, Даниела Пик (36) добија син, што е нивно прво дете – пренесува Daily Mail.
-Даниела и Квентин се среќни што можат да соопштат дека го добија своето прво дете – изјави преставник на брачниот пар.
Двојката живее во Беверли Хилс, но се почесто е во Израел од каде е Даниела. Токму во Тел Авив таа се породи. Се венчаа кон крајот на минатата година, а се запознаа 2009 година, во Ерусалим, на промоција на „Неславни копилиња“, што исто така, е во режија на Тарантино.
Инаку, минатата година за Тарантино беше една од најуспешната во неговата кариера, бидејќи се прослави со филмот “Беше еднаш во Холивуд“.