Колумбиската трансродова манекенка Дана Султана, која е родена како маж , а се идентификува како жена, сподели фотографија на социјалните мрежи со сопругот Естебан Ландрау, кој е роден како жена и во моментов е осум месеци бремен.
„Љубовта е љубов“, ја започна Дана својата исповед на Инстаграм, каде ја следат 219.000 луѓе.
Тие го зачнале бебето природно затоа што двајцата ги сочувале органите со кои се родени, јавуваат локалните медиуми.
Естабан неодамна имал болки и мислел дека ќе се породи порано од предвиденото, но во болница го увериле дека неговите симптоми се сосема нормални.
https://www.instagram.com/p/CAlYQ57Jg23/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Тие исто така објавија дека ќе станат родители на момче кое ќе го крстат Ариел.
„Ова е прекрасно, им давате надеж на илјадници трансродови луѓе“, им напишал еден од нивните многубројни обожаватели.