Лепа Брена е рекордер кога е во прашање новогодишната вечер , ако се погледне цената на билетите за нејзиниот настап.

Имено, секој што сака да влезе во 2023 година со нејзините хитови ќе треба да издвои прилично пари – најевтиниот билет е 300 евра, додека поскапиот е 350 евра.

Цената зависи од положбата на масата во салата и вклучува елегантно место за седење, целосна вечера и неограничено консумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци во текот на ноќта. Секој пијалок што не е вклучен во билетот ќе треба дополнително да се плати.

Од извор близок до пејачката, српски Курир дознава дека Брена за овој настап наплатила многу – дури 100.000 евра, што ја прави една од најплатените пејачки за новогодишната ноќ. „Балканска звезда“ ќе ја пее и следната , поновогодишната ноќ во Белград, но на друго место и повторно за голема цена.

За разлика од оваа година, пејачката претходната година ја поминала работејќи на Копаоник и за тој ангажман, како што тврдат извори, ѝ биле исплатени 65.000 евра. Таа тезга ја добила во последен момент, откако бил откажан новогодишниот настап на црногорското приморје, објави Курир.