Катица имала боксерска вреќа, а Боки 13 пиштоли (ФОТО)

by Тони Зографски

Во кривичниот суд на судењето за предметот „Рекет“ и денеска беа презентирани материјални докази. Од фотографиите направени при претресот во домот на поранешната обвинителка Катица Јанева се гледа дека таа имала мини теретана опремена со лента за трчање, велосипед и боксерска вреќа.

Боки 13 пак, имал мини колекција на оружје. Фотографиите покажуваат дека поседувал четири пиштоли, што е далеку помалку од арсеналот пронајден кај веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец.

Судењето за „Рекет“ продолжува на 6 февруари. За тогаш е најавено дека ќе се гледаат аудио и видео-снимките кои до Обвинителството ги достави Орце Камчев.

останати вести