Дописничката на ESPN и радио програмата Перос де Кале, аргентинската новинарка Софија Мартинез известувала во живо од Светското првенство во Катар кога ѝ пришол катарски милионер и ја поканил во своето луксузно Ламборџини.
На едно од автомобилските седишта имало црна кутија со мала верзија на трофејот од Светското првенство со лак.
„Дали е за мене? прашала Софија, а богаташот ѝ одговорил: „Да, твое е“.
Кога ја отворила кутијата, Софија видела мобилен телефон вреден најмалку 1.000 евра. Новинарката го прифатила подарокот, но многумина ја предупредиле дека тоа не требало да го направи бидејќи, како што тврдат, зад сѐ се крие намерата на богатиот Катарец.
Инаку, Софија е во врска со новинарот Диего Леука, кој исто така деновиве е во Катар, од каде известува за првенството.
NO ENTIENDO NADA, SOFIA ACABA DE LLEVARSE UN CELULAR SELLADO EN QATAR. ES ASI DE RANDOM?!?!@SofiMMartinez QUIERO EXPLICACIONES pic.twitter.com/MxwLLfWyw0
— Perros de la Calle (@perroscalleok) December 1, 2022