Манекенката Катарина Ивановска со видео направено за кампањата за вакцинирање, ја покажа својата вакцина и порача дека некои работи никогаш не излегуваат од мода.
– Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете- откри Ивановска.
Инаку, министерот за здравство Венко Филипче упати апели родителите да ги следат препораките на министерството во услови кога е прогласена епидемија. Во спротивно може да платат и казна од неколку стотина евра.
Катарина Ивановска: Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете
„Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете“, вели Катарина Ивановска во кампањата за Европската недела на имунизација. Вакцинацијата спасува милиони животи. Признаена е како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот. Високиот опфат на вакцинација на соодветна возраст, создава колективен имунитет. Не постојат научни докази за поврзаност меѓу вакцината против мали сипаници, заушки, рубеола (MMR вакцина) или која било друга вакцина со аутизмот или аутистичните нарушувања. Вакцините се произведуваат во опкружување и процес кој подлежи под многу контроли. Апелирам сите родители да ги вакцинираат своите деца, за да може да ја спречиме епидемијата од морбили (мали сипаници)!
Posted by Венко Филипче on Thursday, January 3, 2019