За својот покоен колега Маринко Маџгаљ, кој битката со ракот ја загуби во 2016 година, пријателите организираа концерт во Белград во негова чест. Актерот Маџгаљ, кој беше по потекло од Црна Гора, заедно со Огњен Амиџиќ беше дел од дуото “Фламингоси“.
Токму Огњен и Андрија Милошевиќ го организира овој концерт во белградскиот “Театар на брду“. Дел од гостите беше и Каролина Гочева. Таа заедно со Огњен Амиџиќ го испеа дуетот „Ти и ја“, кој пред повеќе од десет години го сними со “Фламингоси“. Дуото беа гости на еден концерт на Каролина Гочева во Скопје пред нејзиниот настап на “Евровозија“ во 2007 година.
Каролина на својот Инстаграм профил објави слика од вечерта посветена на Маринко, со пејачката Ана Бебиќ. На концертот настапи и црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ и уште неколку актери, пријатели на Маџгаљ.
„Ајде нека е весело, како што Маринко би сакал да биде“, рекол Огњен Амиџиќ на концертот.