Ако не пее за Македонија, следната година Гарванлиев ќе пее за Бугарија, најави партијата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.
– Ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година. Сè додека ВМРО е во бугарскиот парламент, нема да дозволиме воинствен србомакедонизам во ЕУ, напишаа од партијата на Каракачанов.
Тие велат дека немало да толерираат засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како и како што пишуваат скоро 100.000 нивни браќа таму
– „Евровизија“ е натпревар во пеење за слободни и талентирани млади луѓе. Со што се случува со претставникот на РС Македонија на Евровизија Васил Гарванлиев не кореспондира на кој било начин со европските вредности за кои Скопје официјално тврди дека тежнее, стои во нивното соопштение