Канје Вест и Бјанка Ценсори предизвикаа бројни скандали на патувањето во Италија на кои, се чини, не им се гледа крајот.
Бјанка Ценсори уште еднаш го привлече вниманието со својот изглед, а овој пат парот приреди шоу додека во четвртокот попладне излегуваа од продавница на познатата туристичка дестинација Виа деи Калзаиуоли во Фиренца.
Канје решил да се испроба во улогата на фотограф, па почнал да ја фотографира Бјанка на сред улица, опкружен со љубопитни минувачи. Ценсори му позира на Канје во тесно трико, светкави гаќички и златни потпетици.
Помеѓу фотосесиите, раперот ја приспособи својата облека за да ја сними најдобрата можна снимка на неговиот iPhone.
Да потсетиме, Италијанците ја пријавија Бјанка во полиција поради голотија на јавно место, а на парот му е доживотно забрането да плови со брод во Венеција откако раперот го покажа задникот.