Американскиор таблоид ТМЗ пишува дека музичарот и дизајнер Канје Вест и Бјанка Ценсори се на работ на развод.
Американскиот таблоид пишува дека Канје и Бјанка се скарале и се разделиле пред неколку недели и дека за тоа ги известиле најблиските луѓе.
Бјанка наводно отишла во Австралија за да биде со семејството. Иако нема информации што ја поттикнало разделбата или кој го поттикнал раскинувањето, Канје наводно веќе им кажал на пријателите дека планира да се пресели во Токио по разводот.
Иако вообичаено се неразделни, во неколку наврати во последните недели се видени еден без друг. Последен пат заедно биле снимени во средината на септември.
Двојката се венчаше на 20 септември 2022 година. Дали на двегодишниот брак му дојде крајот, останува да видиме. Канје претходно беше во брак со Ким Кардашијан со која ги има децата Норт, Сент, Чикаго и Псалм.