Kамион удри во група ожалостени кои чекаа пред крематориум во југоисточна Кина, при што загинаа 17, а беа повредени 22, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Несреќата се случила нешто по полноќ во селото Таолинг, околу триесетина километри југоисточно од градот Нанчанг во провинцијата Џиангкси.
Новинската агенција ги цитираше жителите дека ожалостените чекале пред преполниот крематориум. Тие оставиле свеќи и храна покрај патот, вообичаен ритуал за покојникот, додека следниот ден чекале да влезат во крематориумот.
Причината за несреќата се истражува, јави Ксинхуа. Многу од жртвите биле од Таолинг.
Во извештаите на локалните медиуми не се споменува дали крематориумот бил особено зафатен поради огромниот бран на зараза што ја зафати Кина.
По речиси три години заклучување, масовно тестирање и задолжителен карантин, Кина се откажа од својата строга политика со нулта стапка на Ковид-19 на 7 декември.
Оттогаш, најнаселената земја во светот бележи брз пораст на бројот на зараза, особено кај постарите лица и оние кои страдаат од хронични заболувања.
Болниците се преполни, крематориумите работат без престан. Според проценките, досега загинале десетици илјади луѓе. Пекинг престана да ги објавува бројките на заразени лица.