Калуѓерка стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео на кое таа му се нафрли на климатски активист и го соборува на земја.
Имено, нова црква се гради во Сен Пјер де Колумбие во Ардеш, Франција, а еколошките активисти се обидоа да ја спречат изградбата, поради што во текот на ноќта неколку часни сестри пристигнаа да го бранат градилиштето.
A French nun has gone viral in the country after tackling a climate activist who tried to block the construction of a new church due to its carbon footprint pic.twitter.com/C5OZXIplCj
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 17, 2023
Француската телевизија Франс 3 го снимила судирот меѓу калуѓерката и климатскиот активист кој кршел цевки и градежна опрема. Тие почнале да се расправаат, а калуѓерката во еден момент ги изгубила нервите и со молскавична брзина го нападнала човекот, соборувајќи го на земја.
Инаку, климатските активисти се незадоволни од јаглеродниот отпечаток што градителите го оставаат зад себе и бараат да се земе предвид студијата за заштита на животната средина, според која може да се уништат ретките растенија што растат таму.