Кинеската компанија за производство на челик “Jiangxi West Dajiu Iron & Steel Corporation“ ги награди сите свои 4.116 вработени со нови автомобили како награда за исполнување на поставените цели на компанијата пет години по ред.
Компанијата на 1 октомври организираше настан на кој го прослави својот успех и ги награди вработените за нивниот придонес кон растот на компанијата.
Компанијата во последните пет години бележела сè поголема добивка, а управата сакала да направи нешто посебно за да им се заблагодари на вработените, па одлучиле на сите да им подари по еден автомобил. Биле поделени вкупно 4.116 возила од кои 2.933 Ford Territory и 1.183 Volkswagen Magotan.
Вредноста на возилата изнесува 74 милиони долари, а компанијата најавила дека исто така ќе им ја плати регистрацијата, петогодишно автомобилско осигурување, како и данокот на возилата.