ЌЕ МОРА ДА ВРАТИ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Поранешната на Леонардо ди Каприо осудена за затајување данок (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешната девојка на Леонардо ди Каприо, израелскиот супермодел Бар Рефаели (35) поради затајување на данок во родниот Израел е осудена на 9 месеци општествено корисна работа, а нејзината мајка Ципи Левин (65) на 16 месеци затвор.

Мајката и ќерката исто така ќе мораат да платат милион и пол долари казна, а и сумата од 10 милиони долари со која се здобиле со неплаќање данок ќе мораат да ја вратат.

Рафаели која лани го водеше евровизискиот фестивал во Израел и е тамошна национална иконa, се бранела дека поголем дел во периодот од 2009 до 2012 година кога била во врска со Леонардо ди Каприо, ја поминала на релација Израел – САД и затоа не плаќала данок во својата држава. Но, обвинителството го отфрило нејзиното тврдење и ја обвинила за давање лажни информации.

Нејзините адвокати изјавиле дек Рафаели немала намера да избегне плаќање данок.

 

останати вести