Ким Кардашијан Вест откри дека Мател бил близу да на пазарот исфрли барбика градена по неа, под името Ким К Барби. Но, на крајот, откако една компанија се откажа од тоа, доби само една, и тоа од сопругот Кање Вест.
Таа на својот Твитер објави слика од забавата на Викторија Сикрет во Лос Анџелес во 2011 година, во мало црно здолниште, кое ги истакнува нејзините атрибути и тоа требало да послужи како модел за барбиката.
Договорот го откажал Мател, но нејзиниот соруг имал план. Ја контактирал компанијата и ги замолил да им направат само една барбика, за Ким.