Арнолд Шварценегер учествувал во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес во која едно лице е повредено.
На фотографиите од местото на настанот се гледа теренец кој се судрил со уште најмалку две возила, а на сликата се гледа и Шварценегер кој стои во близина. Неговиот портпарол потврди дека Шварценегер бил зад воланот на теренецот во моментот на несреќата.
Полицијата соопшти дека никој од учесниците не бил под дејство на дрога или алкохол и досега никој не е приведен. Според нивниот извештај, возачот на теренецот се наоѓал во близина на раскрсницата на булеварот Сансет и авенијата Аленфорд кога се судрил со црвен Приус кој во тој момент вртел. Теренецот поминал на црвено и свртел лево, по што Приусот влетал под теренецот, а во судирот биле оштетени уште две возила.
„Изгледаше како сцена од филм. Судирот беше доволно силен што на теренецот беа активирани воздушните перничиња “, рече сведок.
Возачката на Приусот е повредена и со возило на Брза помош била пренесена во болница, но нејзиниот живот не е во животна опасност. Портпаролот на Шварценегер изјавил дека актерот не е повреден и дека на лице место разговарал со итната помош и со повредената.
Полицијата започнала истрага за околностите на несреќата.