Во вторникот во Србија се одржа свеченост по повод Видовдан и вториот мандат на нивниот претседател Александар Вучиќ, но по тој повод внимание привлече неочекуван детал.
Вучиќ на церемонијата пристигна со сопругата Тамара со која ретко се појавува во јавноста, а сцената почна да се шири на социјалните мрежи што насмеало многумина.
На заедничката фотографија на парот, Тамара го фатила за рака својот сопруг, додека српскиот претседател делувал како да е „рамнодушен“ кон тоа. Овој детал не им „избегал“ на корисниците, па почнале да следат бројни реакции.
Поради својот гест кон сопругата, Вучиќ го нарекувале „дрвена Марија“, правејќи шеги на сметка на неговото „кавалерство“, додека на Тамара и напишала дека изгледа како да му се „закачила“ на раката.
„Ако твојата жена те фати за рака, не ја држиш во оваа поза – незаинтересирана“, напишал еден корисник.
„И погледнете го кавалерот како со стил ја држи раката“, е уште еден од коментарите.
Корисниците заклучиле дека Вучиќ изгледал збунето и „како да не знае што прави“, но тие тврделе – можел барем малку да ја свитка раката за да покаже почит кон сопругата.