Мадона оваа есен ја продолжи турнејата „The Celebration Tour“.
Во изминатите неколку дена на интернет се споделува видео од нејзиниот настап во Германија и провокативната изведба со една од танчарките.
Имено, за време на песната „Papa Don’t Preach“, Мадона и нејзината танчарка се прегрнувале и допирале по интимните делови на кревет, облечени во провокативна долна облека.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Оваа снимка брзо предизвика лавина негативни коментари.
„Воопшто не ми се допаѓа ова. Како да ја гледам баба ми како го прави тоа“, „Дали таа мора да привлекува внимание на овој начин?“, „Таа има 65 години и ова е толку непријатно за гледање“, напишаа фановите под видеото.
Но, имало и такви кои застанаа во одбрана на поп-пејачката.
„Имам 50 години и не се сеќавам што правев вчера, таа изгледа одлично“, „Луѓето треба да сфатат дека ова е уметнички перформанс“, пишувале другите.