Честопати, низ животот сме биле нападнати од куче. Луѓето кои рекреативно трчаат, велосипедисти, и луѓе кои се занимаваат со брзи спортови се често жртва на напад од кучиња.
Некои од луѓето не знаат како да се справат со тоа и најдебелиот крај го извлекуваат тие – остануваат повредени од кучето, кое можеби и не делувало толку опасно.
Во случај да не нападне куче а ние ако трчаме – веднаш треба да сопреме и да не воспоставиме контакт со очи со кучето. Доколку сме на велосипед, треба да се симнеме од него и од спротивната страна на кучето, да го туркаме велосипедот.
Ова се неколкуте примери кои можат да ви помогнат при напад на куче, со цел да останете неповредени и да се ослободите од кучето.