Ако наеднаш ви снема струја во вашата куќа, веројатно брзо се потсетувате за што ни треба и колку ја земаме здраво за готово.
Затоа, доколку размислувате како да ја намалите нејзината потрошувачка, добро е да знаете дека некои уреди за домаќинство, апарати и додатоци трошат повеќе енергија од другите.
Еве кои се тие:
Електричен туш
Електричниот туш може да троши 1460 киловат часови (kWh) годишно, што може да биде голем процент од вашата сметка за енергија.
Машина за сушење алишта
Во просек троши околу 675 киловат часови годишно, но постои прилично едноставен начин да заштедите. Облеката може да се стави и на машината за сушење дома или надвор на сонце и на тој начин да заштедите.
Плазма ТВ
Според порталот Viessmann, гледаме телевизија во просек нешто повеќе од три часа на ден, па вреди да се размисли колку всушност чини оваа форма на забава.
Плазмата троши огромна количина електрична енергија, но помодерните LED телевизори трошат значително помалку и често имаат вградени паметни функции за подобрување на ефикасноста.
Кујнски апарати
Што се однесува до кујнските апарати, најмногу трошат машината за миење садови (480 kWh годишно), фрижидерот / замрзнувачот (425 kWh годишно), шпоретот со електрична плоча за готвење (315 kWh годишно) и рерната (290 kWh годишно).
Електричен бокал
Честото користење на електричниот бокал може да доведе и до поголема потрошувачка на електрична енергија, а Viessmann наведува дека бокалот за вода троши околу 165 киловат часови годишно.
Најниска потрошувачка на електрична енергија:
На листата на апарати за домаќинство кои трошат најмалку електрична енергија се наоѓаат вентилатор, правосмукалка, тостер, пегла и апарат за кафе.