Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ го исполнил претходно даденото ветување и на свечената вечера во белградската “Палата Србија“ ми ја испеал “Каљинка“ на рускиот претседател Владимир Путин. На приемот организиран во чест на првиот човек на Русија, покрај високите званици на двете држави присуствувале и луѓе од културниот живот на Србија, како што се актерот Милош Биковиќ и режисерот Емир Кустурица.