Ако сте го гледале култниот холивудски трилер „Ниски страсти“ од 1992 година, во режија на Пол Верховен, тогаш сигурно се сеќавате како Кетрин Трамел (Шерон Стоун) „се заигра со нозете“ пред инспекторите за време на испрашувањето во станицата.
Таа сцена практично влезе во филмската антологија, а нешто слично неодамна речиси повтори и Сузи Алмеида, една од најатрактивните синоптичарки во светот.
Случајно или не, Сузи си поигра со нозете и откри дури и премногу, а видеото од тој момент очекувано се проби на социјалните мрежи.
Алмеида е една од ѕвездите на Televisa Guadalajara и таа моментално има 576.000 фанови на Инстаграм, но бидејќи некои нејзини жешки фотографии почнаа да кружат на TikTok, претпоставуваме дека тој број ќе се зголеми во наредните недели/месеци.
Овој момент можете да го видите на видеото подолу, на 3:32.