Астрологијата може да ви даде јасни знаци и правци каков родител сте или може да бидете, па затоа проверете си ги карактеристиките на вашиот знак.
Овен
Овните се родители кои имаат голема енергија и љубов да истражуваат нови работи, па така со ентузијазам ја прифаќаат секоја новост која сметаат дека ќе биде добра за нивното дете. „Тоа е одлично, му овозможува да открие нови аспекти од животот,“ би била нивната омилена реченица. Инаку се строги родители кои можат лесно да ги изгубат нервите, но секогаш се подготвени за решавање на новите проблеми.
Лошата страна на Овните родители е што им недостасува трпеливост. Може да ги изнервира трчањето низ домот или кога децата се обидуваат да го одложат времето на спиење. Наоружајте се со трпение, неопходно ви е!
Бик
Биковите се трпеливи и искрени родители. Тие им овозможуваат на своите деца чувство на стабилност, што е одлична предност. Тие знаат како да ги постават целите и да ги насочат децата кон она што го сакаат. Таа вештина во иднина ќе им ја пренесат и на своите идни генерации.
Лошата страна е што се неверојатно тврдоглави, што е одлика на земјените знаци. На нив им е многу тешко да го променат мислењето. Понекогаш се подготвени да водат битка со желбите на детето, само за да го докажат своето. Пробајте да пронајдете компромис, тоа е одличен начин да водите хармоничен семеен живот.
Близнаци
Остроумните Близнаци се одлични во вербалната комуникација и сето тоа добро знаат да им го пренесат на децата. Сакаат кога нивните млади се ставени пред тешки избори и можности, па им даваат слобода да го одберат она што ги прави среќни. Благодарение на правилните насоки, нивните деца лесно ќе прераснат во генијалци.
Лошата страна на овие родители е што понекогаш знаат да бидат површни. Потребно е да откријат повеќе информации ако сакаат да ги разберат работите. Често пати им се случува да не анализираат доволно, па да дојдат до погрешен заклучок. Отворете ги мислите и проучете ги работите малку подлабоко.
Рак
Децата кои имаат родители во знакот на Рак се вистински среќници. Ракот е посветен родител кој се грижи за секоја потреба. Секогаш се заштитнички настроени и обожаваат кога детето е во нивни раце. Во тинејџерските години се посветени и ги разбираат сите непредвидени ситуации кои се случуваат.
Сепак, лошата страна на Раковите е што постојано ја потенцираат жртвата која ја прават. Многу лесно може да заиграат на чувството на вина, посебно ако детето не тргнало по патот по кој тие го планирале. Обидете се да се ослободите од стравот и дозволете му на детето да ја одреди насоката. Избегнувајте ја реченицата „Направив сè за тебе!“
Лав
Лавот е посветен и предаден на своето семејство. Тие се полни со љубов и нежност, но за возврат имаат големи очекувања од своите деца. Нивните деца најчесто ги наследуваат лидерските карактеристики. Тие со задоволство ќе ги научат како да истражуваат и да го добијат она што им се допаѓа.
Но, нивната посветеност има и лоша страна. Родителите Лавови лесно знаат да ги размазат своите деца. Дајте сè од себе, но поставете граници таму каде што е потребно. Избегнувајте го исполнувањето на секоја желба.
Девица
Девиците се одлични родители кога треба да се постави некоја цел и обично таа карактеристика им ја префрлаат на следните генерации. Децата на Девиците се секогаш способни во организирањето, тимската работа и планирањето. Обожаваат кога ќе забележат дека нивното дете се огледува на нив.
Лошата страна е што овие родители сакаат да постигнат перфекционизам, па може да станат исфрустрирани и навредени кога децата нема да ги исполнат очекувањата. Во состојба се да критикуваат многу болни и навредливи работи. Наместо да бидете критични, обидете се да ги охрабрите во позитивна смисла. Имајте на ум дека разочарувањата со децата се неизбежни.
Вага
Родителите Ваги се во состојба да направат вистинска опуштена семејна атмосфера во својот дом. Нежни се кон децата, исклучително друштвени, така што нивните деца многу рано можат да ги научат добрите манири и да остварат добра комуникација.
Лошата страна на родителите Ваги е тоа што пред другите се претставуваат како родители без маана, секогаш беспрекорно дотерани и во најдобро светло, без разлика што знаат дома да остават хаос позади себе. Важно им е мислењето на другите, но мора да внимаваат да не им остават таков пример на децата и повеќе да се грижат за семејството, отколку за околината.
Скорпија
Скорпиите се екстремно посветени на децата. Нежни и емотивни, Скорпиите како родители го поседуваат шестото сетило кога нешто не е во ред со нивните деца. Но, не попуштаат лесно за секоја желба. Се трудат да претставуваат пример и да ги научат децата да си ги завршуваат обврските.
Лошата страна на Скорпиите родители е тоа што нивното мото е дека човечки е да се згреши, но не и да се прости. Тие се во состојба да кријат некое богатство многу долго. Ако децата направат нешто лошо, што е многу веројатно, родителите Скорпии тешко им простуваат и треба да се научат да се контролираат, бидејќи може многу лоши работи да кажат.
Стрелец
Стрелците се родители со слободен дух и подготвени се да учат цел живот, да истражуваат нови работи и таа нивна страст им ја пренесуваат и на децата. Полни се со позитивна енергија, па знаат полесно да се справуваат со проблемите.
Лошата страна на родителите Стрелци е тоа што мислат дека правилата во животот не важат за нив. Но, тоа не е добар пример за децата. Убаво е да знаете да се забавувате, но децата мора да знаат и кога е доста и кои обврски мора да се завршат без одложување. За тоа, вие треба да им бидете пример.
Јарец
Јарците се најдобри од сите хороскопски знаци за долготрајно планирање. Одлични борци се и одлично ги поставуваат целите, се придржуваат до правилата и им даваат одличен пример на децата.
Лошата страна на Јарците како родители е дека се многу посветени на работата, па може да бидат толку опседнати со материјалните потреби на детето и да му купуваат сè, а да заборават на неговите емотивни потреби. Не се баш најдобри во покажувањето емоции.
Водолија
Родителите Водолии, пак, се најдобри од сите хороскопски знаци во меѓучовечките односи. Поседуваат фантастична можност уште во најраните години на своето дете, сфаќаат што е тоа што го интересира и да му помогнат за да го развијат. Не се конформисти, размислуваат широко и на тоа ги учат своите деца.
Лошата страна на родителите Водолии е тоа што за многу работи може да бидат рамнодушни и опуштени. Тие тоа не го гледаат како проблем, но мора да научат и емотивно да се поврзуваат со децата и да немаат многу голема дистанца.
Риби
Рибите се исклучително емотивни, а родителите Риби се опседнати со своите деца. Многу се интуитивни и ако нешто не е во ред со детето, тие тоа го претчувствуваат.
Лошата страна на Рибите како родители е тоа што мораат да внимаваат за да не ги користат своите емоции во манипулација со децата или да не ги уценуваат емотивно. Исто така треба да избегнуваат драми за да го добијат она што го сакаат. Децата мора да научат дека нема сè да добиваат и нема сите да паднат на нивните емоции.