Британскиот пејач Роби Вилијамс, кој пред затворањето на границите беше во Австралија, па мораше да помина три недели во карантин, првпат ги виде своите деца. Тој по 21 ден во изолација се врати дома, каде што го пречекаа сопругата Ајда, ќерката Теодора (7) и синот Чарлтон (5).
Видеото од нивната средба, Ајда го објави на социјалните мрежи.
-Кој ни доаѓа? – прашува Ајда, а децата во еден глас викаат: Тато, тато.
Веднаш штом го здогледаа нивниот татко, тие му потрчаа во прегратка.
И Ајда а не можела да ги задржи емоциите, па со бројните следачи споделила:
-По три недели повторно сме заедно. Толку сум среќна што тато се врати дома по карантинот.
Инаку, популарниот пејач е тестиран за коронавирус, а неговиот тест е негативен.