Калиопи од бракот со Ромео Грил го има синот – Пако.
Токму на бременоста со него се потсети со нејзината најнова фотографија на Инстаграм.
„Мојата најдобра година, 1990, првиот снег и јас, бремена. Каква среќа беше тоа“, напиша Калиопи.
Многу нејзини фанови и пријатели ѝ дадоа комплименти, а еден од коментарите вели:
За тебе времето застанало уште во таа 1990. Поминаа 30 години, а ти изгледаш како оттогаш да не поминале ни 30 дена. На некои младоста и младоликоста им се судени.“
Инаку, Калиопи во овој период одмара во својата куќа во Скопје и работи на нови песни со Ромео Грил.