“СЕ СМЕЕВМЕ КАКО ПОДЗАКРИВУВАШ СО НОГАТА И КАКО СИ СЕ ПОВРЕДИЛ“: Весна Бејби со емотивен статус за Тоше

by Тони Зографски

Македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески загина на денешен ден пред 13 години, во сообраќајна несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска, околу 6:20 часот утрото.

Весна Петрушевска преку емотивен статус ја сподели болката која ја чувствува и 13 години од неговата смрт.

-13 години Тоше неверојатно…како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот…се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил..колку беше убав,колку беше убав таа вечер…изморен, смирен, насмеан…ми кажа уште нешто таа вечер..те сакам, недостасуваш…врне и сега…како и оној понеделник…, напиша Петрушевска на Фејсбук.

Тоше последното телевизиско интервју пред кобната несреќа го имаше токму со Весна во нејзината емисија.

останати вести